Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.09.2012, 16:15
Металург избрка пет фудбалери среде сезона



Вицешампионот ги отпушти Кралевски, Мемеди, Тенекеџиев, Начевски и Несторовски

Последниот пораз од Работнички ја прели чашата во Металург, кој по шест кола има три порази, што е далеку од минатогодишниот старт во домашното првенство. Управата на вицешампионот реши проблемите да ги решава среде сезона, ослободувајќи се од петмина фудбалери. На црниот список се најдоа искусните Игор Кралевски, Агрон Мемеди, Драган Начевски, Александар Тенекеџиев, како и младиот Илија Несторовски. Тие повеќе не се дел од тимот од Железарница, а со Стручниот штаб повеќе не е ниту докторот Зоран Х��нџиски.

Чистката доаѓа сосема неочекувано, бидејќи поголем дел од овие играчи беа носители на играта во минатата сезона, а играа и во европските купови. Причината за ваквиот потег на Металург се' уште не е јасна, а изненаден е и Мемеди.

„Не ми е јасно како може да кажат дека не се задоволни од играта со Работнички, а бркаат луѓе кои беа на трибините на тој дуел. Всушност, вистинската причина за овие случувања не ја кажаа. Само ни кажаа дека раководството така решило и тренерите ни ја соопштија таа одлука. Ја прифаќам одлуката, но не на ваков начин. Не ни кажаа зошто сме избркани“, изјави Мемеди.

Покрај отказите, фудбалерите треба да платат за да играат за други клубови или тие да платат за да можат да ги ангажираат, иако Металург веќе не смета на нивните услуги. Најскапа е отштетата за Кралевски, која изнесува 10.000 евра, Мемеди, Начевски и Тенекеџиев можат да си одат за 3.000 евра, а Несторовски само ќе тренира, со оглед на тоа дека има важечки договор со Словачко и треба да се обрати кај нив за евентуален ангажман.

Кралевски е во Металург од зимскиот преоден рок во сезоната 2009/2010 и беше незаменлив во одбраната. Начевски дојде минатата сезона од грчки Ерготелис, Тенекеџиев пристигна кога и Кралевски. Несторовски настапуваше за Металург како зајмен играч од Словачко од почетокот на годината и очигледно е дека ќе се врати во Чешка. Мемеди, пак, дојде во почетокот на минатата сезона, а беше стрелец и на единствениот гол на гостувањето во Полска кај Рух Хоржов во квалификациите за Лига Европа. Се чинеше дека ќе биде незаменлив на левата крилна позиција, но во Металург не мислат така.



Статијата е прочитана 684 пати.

Испрати коментар



Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак пресилен за вардарки
Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Јуве го запре Челзи, Меси ја спаси Барса
Швајцарија - Чешка на стартот на Дејвис куп 2013
Адамс го доби златото од Лондон
Венус ќе дебитира на Хопман куп
Челзи ја почнува одбраната на европската круна
Роналдо ги воскресна „кралевите“
Македонија пак ќе падне на листата на ФИФА
Честитка за Пандев и од Мурињо
Сити по круната на „кралевите“
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција
Мејсон ново засилување во Работнички?
Чешка трет пат финалист во Дејвис купот
Пирова победа на одбојкарите над Австрија
Мацари - Пандев е идеален играч
Шпанија во финалето на Дејвис купот
Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
МЗТ Скопје го освои Меморијалот „Делибашиќ



gose nikolov, 18.09.2012 23:14:21
Sram da gi e taka e koga nepismeni za fudbal go vodat fudbalot kaj nas vo makedonija. Na sred sezona se izbrkuvaat fudbaleri pa i obestetuvanje da platat ova go ima samo kaj nas a trenerot samo tamu da e go boli uvo, da be upravata ve brka ama jas ne sum moken e toa e goleminata na trenerot da zastanes zad igracite, koga ke zavrsi polusezonata togas cistka neka ima a ne sega na sred polusezona no za zal taka e koga nema sindikat na igraci . Abe ova e mizerija ziva,kako da nema komentar mozda gi iprodale!!!!!!!!! mizerija teska.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |