Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.09.2012, 15:12
Адамс го доби златото од Лондон



Новозеланѓанката заврши како втора во финалето на 6 август зад Белорусинката Надежда Остапчук, но таа беше суспендирана поради позитивен допинг-тест

Новозеланѓанката Валери Адамс, конечно, го доби своето олимписко злато во фрлање ѓуле, 44 дена по натпреварувањето и 18.000 километри од Лондон. Адамс, која заврши како втора во финалето на 6 август зад Белорусинката Надежда Остапчук, но таа беше суспендирана поради позитивен допинг-тест, по што го доби блескавиот медал на специјална церемонија во Оукленд. Заедно со другите новозеландски освојувачи на медали од Лондон, 27-годишната Адамс се качи на подиумот и го доби медалот од генералниот гувернер на земјата, Џери Маепарае, пред да се интонира националната химна.

„Благодарност до цел Нов Зеланд за поддршката и љубовта која ја добив. Како спортист, ова го правам за сите вас“, изјави Адамс низ солзи пред 2.000 навивачи.

Трикратната светска шампионка и актуелна олимписка шампионка во Лондон, Адамс, се надеваше дека ќе го добие медалот додека беше во Европа и се натпреваруваше во Дијамантската лига. Меѓутоа, Остапчук го предаде медалот минатата недела и Адамс мораше да чека додека да се врати дома.

„Конечно го добив медалот и уште не ми се верува. Сега е време за уживање бидејќи има само шест вакви во Нов Зеланд“, додаде Адамс.





Статијата е прочитана 285 пати.

Испрати коментар



Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак пресилен за вардарки
Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Јуве го запре Челзи, Меси ја спаси Барса
Швајцарија - Чешка на стартот на Дејвис куп 2013
Венус ќе дебитира на Хопман куп
Челзи ја почнува одбраната на европската круна
Роналдо ги воскресна „кралевите“
Металург избрка пет фудбалери среде сезона
Македонија пак ќе падне на листата на ФИФА
Честитка за Пандев и од Мурињо
Сити по круната на „кралевите“
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција
Мејсон ново засилување во Работнички?
Чешка трет пат финалист во Дејвис купот
Пирова победа на одбојкарите над Австрија
Мацари - Пандев е идеален играч
Шпанија во финалето на Дејвис купот
Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
МЗТ Скопје го освои Меморијалот „Делибашиќ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |