Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
17.09.2012, 12:44
Мацари: Пандев е идеален играч



Тренерот на Наполи со многу комплименти за играта на македонскиот напаѓач против Парма

Извонредната игра на Горан Пандев на натпреварот со Парма вчера не остана незабележана во фудбалската јавност во Италија. Напротив. Најдобриот македонски фудбалер е опсипан со комплименти од сите страни за тоа што избори пенал во 3 минута, по кој Единсон Кавани им донесе водство на неаполитанците, потоа постигна гол во 39 мин., а во 77 мин. му асистира на Лоренцо Инсиње за третиот погодок на домашниот тим. Третата победа во низа го зацврсти Наполи на врвот на табелата, а тренерот Валтер Мацари не го криеше воодушевувањето од играта на Пандев, кому дуелот со Парма му беше прв сезонава во Серија А поради црвениот картон што го доби во италијанскиот Суперкуп против Јувентус.

„Пандев е идеален играч за нашиот напаѓачки стил. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот кога станува збор за проигрување на своите соиграчи. Сторив се' за да го задржам во Наполи, а сега за него е прашање само на одржување на добра физичка кондиција. Тој е момче посветено на екипата и одличен е на теренот кога е способен за игра“, изјави Мацари по својот 300. натпревар како тренер во Серија А, во која има скор од 114 победи, 92 нерешени и 94 порази.

Слика од капитенот на македонската репрезентација осамна и на насловната страница на „Кориере дело спорт“, покрај тие на Вучиниќ од Јувентус и на Ернанес од Лацио, чии екипи исто така славеа со по 3:1 во ова коло.

„Пандев ги инспирира Кавани и Инсиње“, стои во насловот на вчерашниот број на италијанскиот дневен спортски лист.

Голот против Парма е 61. за Пандев во досегашните 255 настапи во Серија А и седми во 31 првенствен меч во дресот на Наполи. Најефикасен беше како играч на Лацио, за кој постигна 48 погодоци во елитната лига на Италија, во која за Интер даде пет гола. (Р.Д.)

Статијата е прочитана 2106 пати.

Испрати коментар



Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак пресилен за вардарки
Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Јуве го запре Челзи, Меси ја спаси Барса
Швајцарија - Чешка на стартот на Дејвис куп 2013
Адамс го доби златото од Лондон
Венус ќе дебитира на Хопман куп
Челзи ја почнува одбраната на европската круна
Роналдо ги воскресна „кралевите“
Металург избрка пет фудбалери среде сезона
Македонија пак ќе падне на листата на ФИФА
Честитка за Пандев и од Мурињо
Сити по круната на „кралевите“
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција
Мејсон ново засилување во Работнички?
Чешка трет пат финалист во Дејвис купот
Пирова победа на одбојкарите над Австрија
Шпанија во финалето на Дејвис купот
Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
МЗТ Скопје го освои Меморијалот „Делибашиќ



Istocna Makedonija, 17.09.2012 13:07:03
Delumno e vo pravo Macari.Pandev e,ne samo idealen,toj e maestralen fudbaler od najvisoka svetska klasa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Расте влијанието на салафистите по Арапската пролет
Растечкото влијание на ултраконзервативни салафистички групи, кое следеше по Арапската пролет, е предизвик за умере...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |