17.09.2012, 12:03 Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
Гостите од Милано до победата од 2:0 стигнаа со головите на Диего Милито и Антонио Касано
Фудблерите на Интер со 2:0 како гости го совладаа Торино во последниот натпревар од 3.коло на „Серија А“. На средбата одиграна синоќа во Торино на „Олимписки стадион“, гостите од Милано до победата стигнаа со головите на Диего Милито (13 минута) и Антонио Касано (83 минута).
Со новите три бода и вкупно шест Интер се проби на петтото место на табелата.
На другите натпревари од 3.коло беа постигнати следниве резултати: Рома – Болоња 2:3, Џенова – Јувентус 1:3, Наполи – Парма 3:1, Пескара – Сампдорија 2:3, Сиена – Удинезе 2:2, Фиорентина – Катанија 2:0, Киево – Лацио 1:3, Милан – Аталанта 0:1 и Палермо – Каљари 1:1.
Екипите на Јувентус, Наполи и Лацио досега игаат максимален ефект од три победи односно освоени 9 бодови, а три победи има и Сампдорија која поради казна има бод помалку. |