Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
19.09.2012, 15:05

Венус ќе дебитира на Хопман куп

Постарата сестра Вилијамс го потврди учеството на екипното тениско натпреварување

Седумкратната гренд-слем освојувачка и двојна олимписка шампионка, Венус Вилијамс, потврди дека ќе игра во следното издание на Хопман купот. Куриозитетно е тоа што, иако има кариера долга 18 години, ова ќе биде нејзино прво учество во репрезентативното натпреварување во мешана конкуренција што традиционално се одржува во Перт.

„Никогаш не сум била во Перт и никогаш не сум играла на Хопман купот, така што ова ќе биде извонредно искуство за мене. Секоја година го гледам на телевизија, а сега и јас ќе играм - навистина сум возбудена“, изјави Венус, која ќе има шанса да ја достигне сестра и', која пак, е победничка од 2008 и 2003 година.

Партнер на Вилијамс постарата ќе и' биде Џон Иснер, човекот кој веќе се израдува на пехарот во Перт пред две години, во комбинација со Бетани Матек-Сендс. Таа комбинација изгледаше симпатично, дури и смешно, бидејќи кога Матек-Сендс со 168 сантиметри ќе застанеше покрај Иснер, кој е висок 2,06 метри, изгледаше како вистинско џуџе. Овој пат Иснер е задоволен од изборот на партнерката.

„Моите досегашни партнерки беа многу мали. Но, Венус е значително повисока, така што нема повеќе да изгледам како џин на теренот. Таа е една од најдобрите тенисерки во историјата така што имаме големи шанси за успех“, изјави Иснер.

Американците се втора двојка која го потврди учеството, откако Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ веќе се пријавија. Натпреварувањето во Перт ќе се одвива од 29 декември до 5 јануари, а бранители на титулата се Томаш Бердих и Петра Квитова.


Статијата е прочитана 102 пати.

Испрати коментар



Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак пресилен за вардарки
Лацио го чека пекол на „Вајт харт лејн“
Јуве го запре Челзи, Меси ја спаси Барса
Швајцарија - Чешка на стартот на Дејвис куп 2013
Адамс го доби златото од Лондон
Челзи ја почнува одбраната на европската круна
Роналдо ги воскресна „кралевите“
Металург избрка пет фудбалери среде сезона
Македонија пак ќе падне на листата на ФИФА
Честитка за Пандев и од Мурињо
Сити по круната на „кралевите“
Еден-два победа на Илиоски и на Томовски во Грција
Мејсон ново засилување во Работнички?
Чешка трет пат финалист во Дејвис купот
Пирова победа на одбојкарите над Австрија
Мацари - Пандев е идеален играч
Шпанија во финалето на Дејвис купот
Интер славеше победа на гостувањето кај Торино
МЗТ Скопје го освои Меморијалот „Делибашиќ

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C

Петок
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (4)
Хрушчов го викал Тито социјалистички цар. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Волшебните „Дед кен денс“ утревечер во Солун
Концертот на „Дед кен денс“ во нашата најблиска културна дестинација е предизвик и за голем број македонски фанови...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |