Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
12.10.2012, 19:56

(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска



Ракитиќ со гол од 40 метри во второто полувреме им донесе голема победа на Хрватите (2:1) на „Филип Втори“

Известува: Никола Бурагев

Македонската фудбалска репрезентација го доживеа вториот пораз во квалификациите за СП 2014, откако вечерва на преполниот „Филип Втори“ загуби од Хрватска со 1:2 (1:1).

Творец на триумфот на Хрватите беше Иван Ракитиќ кој со гол од слободен удар од 40-тина метри во 60. минута го изненади подизлезениот Богатинов. Македонија поведе со голот на Ибраими по 16 минути игра, а израмни Чорлука во 32. минута.

Македонија беше во најмала рака рамноправен противник, но повторно една наивна грешка ја чинеше пораз. Ова беше прва победа за Хрватите во вкупно третото гостување во Скопје, а втор триумф во овие квалификации, покрај нерешениот исход со Белгија.

Македонија ќе има шанса за поправен веќе во вторник, кога на „Филип Втори“ гостува Србија, која вечерва дома загуби од Белгија со 0:3. Нашата репрезентација ќе биде ослабена со неиграњето на капитенот Горан Пандев, кој вечерва заработи втор жолт картон.

(90') Крај на натпреварот. Среќна победа на Хрватска од 2:1. Во третата минута од судиското надополнување, гостите можеа и поубедливо да слават, но Калиниќ од слободен удар ја погоди стативата.

(86') Голема прилика за Хрватска. Калиниќ сам пред Богатинов шутира крај голот.

(83') Шанса за Македонија. Николче Новески од изгледна позиција бие над голот.

(77') Голема шанса за Хрватска. Нововлезениот Калиниќ сам пред голманот Богатинов шутираше покрај голот.

(72') Замена во хрватскиот национален тим, Калиниќ наместо Јелавиќ, додека кај Македонија Грнчаров влезе на местото на Шиков.

(60') ГОЛ за Хрватска. Иван Ракитиќ од слободен удар од 40-тина метри го изненади подизлезениот Богатинов за водство на Хрватска од 2:1.

(50') Македонија подобра на почетокот на вториот дел. Горан Пандев ја измеша хрватската одбрана и беше соборен во шеснаесетникот, но судијата Расусен не покажа на белата точка. Свирежи и незадоволство на трибините.

(45') Крај на првото полувреме. Завршницата на првиот дел им припадна на Хрватите кои во финишот неколкупати опасно се заканија. Според прикажаното во почетните 45 минути, нерешенот резултат 1:1 е најреален исход. Македонија поведе преку Ибраими во 16. минута, а израмни Чорлука во 32. минута.

(32') ГОЛ за Хрватска. Ведран Чорлука по корнерот на Ракитиќ го совлада Богатинов. Хрватскиот дефанивец од Локомотив Москва беше оставен сам од нашата одбрана и не му беше тешко да ја затресе мрежата.

(31') Хрватска повторно се закани. Ракитиќ кус по додавањето на Манџукиќ од левата страна.

(26') Првиот удар за Хрватска го упати Јелавиќ по корнерот на Ракитиќ. Со глава биеше за малку над голот.

(16') ГООООООООООООООЛ за МАКЕДОНИЈА (1:0). Агим Ибраими на додавање на Ристиќ со шут по земја го совлада Плетикоса за еуфорија на „Филип Втори“.

(13') Игра на средината на теренот, без посериозни закани кон двата гола. Хрватска изведе еден корнер, а жолт картон во нашиот национален тим доби Стевица Ристиќ.

(20:32) Натпреварот започна, а во истовреме во рамките на нашата група 1, Србија во Белград ја пречекува Белгија. Во 20.45 часот почнува натпреварот Велс - Шкотска.

(20:21) Громогласна поддршка за Македонија од 35.000 грла на преполнетата Арена „Филип Втори“. Фудбалерите од двете репрезентации и судиската тројка предводена од Данецот Расмусен излегоа на теренот во исчекување на интонирање на државните химни.

(20:08) Состави: Македонија (4-2-3-1): Богатинов, Георгиевски, Попов, Новески, Шиков, Тричковски, Шумуликовски, Ристиќ, Пандев, Демири, Ибрахими. Селектор: Чедомир Јаневски.

Хрватска (4-4-2): Плетикоса, Стриниќ, Шимуниќ, Чорлука, Ракитиќ, Вукојевиќ, Јелавиќ, Модриќ, Срна, Манџ��киќ, Перишиќ. Селектор: Игор Штимац.

Мечот ќе го суди Петар Расусен од Данска, а ќе му помагаат сонародниците Хенрик Сондерби и Ларс Рикс.

(20:01) Фантастична атмосфера на арената „Филип Втори“ во Скопје, каде за околу половина час ќе почне квалификацискиот меч за СП 2014 меѓу Македонија и Хрватска. И двет:е репрезентации веќе се загреваат на теренот, а стадионот е скоро исполнет.

ФОТО: Петр Стојановски


Статијата е прочитана 5000 пати.

Испрати коментар



Мареј против Ѓоковиќ за тронот во Шангај
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
Вебер ја освои пол позицијата во Кореја
МЗТ бара полна сала за нова победа
Селекторот Јаневски го призна поразот
Алонсо зашеметен од Ред бул
(ФОТО) Хрватски навивачи во Скопје
Антиќ и Мекејлеб почнаа со победа
Едуардо - Ова е наше најтешко гостување
Момент за вистината за фудбалерите
Адеми ги избра „коцкестите“, Македонија втора опција
Коби најави пензионирање за две години!
Армстронг одново на столбот на срамот
Калтенборн прва жена шеф на Ф1-тим
МВР со посебни безбедносни мерки пред мечот со Хрватска
Шест гола на Лазаров против Сагунто
Вардар казнет со два натпревара без публика на домашен терен
Хрватските хулигани најавуваат доаѓање во Скопје!
Фудбалерите бараат максимална поддршка
Штимац - Во Скопје потешко од Белгија
Сточиков под истрага за напад врз новинар
Вардар про му се реваншира на Извиѓач
Убедлива победа на Барселона против Далас
Антиќ ограбен во Атина
Тони Надал - Федерер е подобар од Рафа!
Јаневски бара бодови, макар и со послаба игра
Болт ќе ги брани медалите во Рио
„Убиецот“ му се извини на Федерер
(ФОТО) Прв тренинг на македонската репрезентација пред натпреварот со Хрватска
Штимац - Свесни сме за незгодноста на Македонците
Хрватските хулигани нема да го видат Скопје
За Интер 220. миланско дерби
Илиевска со бронзен медал на Медитеранскиот шампионат
Пандев му донесе победа на Наполи
Меси 2, Роналдо 2
МЗТ Скопје поразен во Подгорица
(ФОТО) Вардар падна во Тетово
Илиевски и Цедевита паднаа во Сплит
Арената распродадена, Хрватска ја очекува пекол на „Филип Втори“
Осум гола на Лазаров во Целје
Триумф на Фетел во Сузука
(ФОТО) Металург го преслуша и Горење
Победи на Челзи и Манчестер Сити
Пол позиција за Фетел на Големата награда на Јапонија
Металург загреан за Горење
Пандев и Наполи надиграни во Ајндховен
Лазовски - Неуспехот во Венецуела беше пресуден за оставката
Ракометарките одиграа нерешено со Црна Гора
Кираџиев единствен македонски претставник на СП во полумаратон
Лазовски се повлекува од кошаркарската репрезентација
Нексе добра поука за Горење
Вардар казнет со 10.000 евра
Ставрев ќе го суди мечот Русија - Азербејџан
Балотели им ја скрати радоста на „милионерите“
Тодоров задоволен од победата, но не и од играта
Металург поразен од Нексе
Втора победа за МЗТ Скопје во АБА лигата
Финансиска полиција го „чешлаше“ Наполи
Светската лига во ватерполо без Македонија
Македонија падна седум места на ФИФА листата
Карабатиќ негира дека се обложил на мечот под истрага
„Металците“ не го потценуваат Широки
БАТЕ Борисов непријатно изненадување за Баерн



Stojko, 12.10.2012 20:56:28
Bravo za Ibraimi, da zivee bratstvo i jedinstvo.
Mile, 12.10.2012 22:40:07
Vednas da si dade ostavka trenerot tolku ima znaenje samo se fali deka moze da napravi nesto sramota.Ima podobri treneri od nego .
staridab, 12.10.2012 22:43:00
definitivno zasluženo...kvalitetot pobedi

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Делумно облачно

Недела
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (24)
Обидот за отцепување на Хрватска. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Се надевам дека Загор ќе биде бесмртен
Мауро Лоренти, цртачот на стрип-ликот Загор е гостин на актуелниот „Стрип-салон“ во Велес...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |