Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
13.12.2012, 09:31

Европратениците поделени околу заклучоците за Македонија

Едни се задоволни и ги гледаат како позитивни и чекор напред, додека другите сметаат дека се необјективни и неправедни кон Македонија

Европратениците со различни гледишта за заклучоците усвоени на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Од една страна едни се задоволни и ги гледаат како позитивни и чекор напред, додека другите сметаат дека се необјективни и неправедни кон Македонија.

Словачкиот европратеник Едуард Кукан вели дека во заклучоците за Македонија на многу места од текстот се изразува позитивната оценка во спроведувањето на реформите и исполнување на барањата за европската интеграција. Но, по четврти пат само поради нерешеното прашање со името на државата, таа не доби датум за преговори.

- Тоа е фрустрација и јас с��чувствувам со политичарите на Македонија, бидејќи ако повеќе години по ред ви се кажува дека ги исполнувате условите – тогаш што повеќе треба да се направи, изакави Кикан.

Според него, решението на проблемот со името не зависи само од Македонија, туку и од други страни.

- Во Европскиот парламент постои разбирање за тешката положба на македонската Влада и цело време настојуваме Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговори. Но, изгледа дека без решение на прашањето за името натамошното напредување на Македонија е невозможно, вели Кукан.

Затоа словачкиот европратеник го примил текстот за Македонија со измешани чувства.

- Тоа е необјективно. Сакам да испратам повик до Македонија да се продолжи по европскиот пат. Знам дека тоа е тешко во ваква ситуација, но на крајот правдата мора да победи, порачува Кукан.

Од друга страна словенечкиот европратеник и известувач за Србија Јелко Кацин ги оценува заклучоците генерално како „исклучително позитивни и стимулирачки“, посебно кога се зборува за Црна Гора исто како и за Србија, бидејќи тие ги храбрат народот и политичката елита да истраат при носењето на храбри политички одлуки за иднината.

Што се однесува до Македонија, Кацин вели дека мора да се создаваат пријателски односи со соседите, кои на крајот ќе и‘ овозможат да добие датум за преговори.

Околу оптимизмот на Филе, Кацин е воздржан. - Комесарот е платен да биде оптимист, бидејќи не доаѓа од региониот и не е професионален политичар туку дипломат, би рекол дека политичкиот живот секоја година го изненадува. Јас посакувам тој да биде во право. Ако тоа се случи, јас, се разбира, ќе го поздравам се‘ она што оди во правец на добивање на датум. Но, само Македонија одлучува за својата иднина, вели Кацин.

Грчките европратеници на заклучоците реагираа задоволно. - Мислам дека заклучоците се позитивни и ја појаснуваат ситуацијата на односот на оваа земја со ЕУ. Тоа е знак на добра волја од страна на ЕУ, изјави Елени-Мариа Копа, грчка европартеничка, која беше известувачка во ЕП за стратегијата за проширување на ЕУ. Таа понатаму додава дека отворањето на преговорите со Македонија ќе биде можно под услов да биде решено прашањето за името.

Околу оптимизмот на Филе дека преговорите би можеле да започнат во текот на 2013 година, односно можно изнаоѓање на решение за името, грчката европарламентарка од редовите на ПАСОК вели дека таа како и од секогаш е „оптимистка“.

Јоргос Кумуцакос европратеник од Нова демократија, за можноста да започнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ во 2013 година нагласува: „Зошто да не! Но потребна ни е добра волја! Се надевам дека ќе ја имаме.“

- Уште од самиот почеток сакаме нашиот сосед да стане член на ЕУ. Бидејќи тоа е во корист на регионалната соработка и соработката меѓу двете земји. Но, за тоа членство да биде стабилно, јасно, мора да биде продолжување на апсолутното почитување на добрососедските односи. Треба да го разрешиме проблемот со името. Потоа е јасно стратегиски речено, дека сакаме сите земји од регионот да станат членки на ЕУ, вели Кумуцакос.


Статијата е прочитана 1007 пати.


Испрати коментар



ОМД - ЕУ место да го обедини Балканот, ги продлабочува разликите
Тетово утрoво најстудено со минус 19 степени
Внимателно возење - голомразица и одрони на повеќе патни правци
Чичолина се враќа во политиката
Борисов не му кажал на Обама за ветото
Унгарија и официјално ќе ни се обраќа со Македонија
Грција очекува конструктивност од Македонија
Брисел не ја дели разочараноста
Никој не купува акции на „Топлификација“
Бошкоски - „Ослободете ги вработените во МВР, не се виновни“
Меркел - Не е време за ширење на ЕУ
(ФОТО) Бит-пазар празен, пазарџиите на улица
Министерката Јанкулоска имаше сообраќајка
Грците и' се лутат на Македонија и за двопек
„Волмарт“ сака да го купи турски „Мигрос“, или „Рамстор“
Полицијата го уапси „Нинџа“ осомничен за убиство во обид
„Микросам“ ќе прави делови за рускиот патнички авион „МС-21“
„Оф-нет" е најдобар македонски сајт во 2012
Грција го доби кредитот
Стразбур пресуди - 60.000 евра отштета за Ел Масри
„Њујорк тајмс“ -Поранешни американски функционери го приватизираат Косово
Бугарските интелектуалци во линија со државниот врв
Азески - 2013 ќе биде една од најтешките економски години
Во пожар во трафостаница во Скопје повредени двајца работници
Штрајк без насмевки и алкохол на стјуардесите во Хонг Конг
Претрес во „Дојче банк“, уапсени пет лица
Џими Севил осомничен за 199 кривични дела
Груевски на Самит на Европските народни партии во Брисел
Спогодбата за „Јужен тек“ е во завршна фаза, од „Макпетрол“ негираат
ЕП го усвои буџетот на ЕУ за 2013 година
Грција задоволна, но не слави
ЕК - Заклучоците нудат јасна перспектива за Македонија
Македонија е во жолта фаза на студен бран
Бесими - Ако се реши спорот за името, не треба самит за покана за НАТО
Попоски
Сопругот на медицинската сестра бара одговори од болницата
ЕУ - Поддршка за Србија, загриженост за БиХ
ФБИ фати македонски хакер, направил штета од 850 милиони долари
(ФОТО) Светот може да биде подобар
Повисоки пензии, сепак, од март в година
Со првата порака на „Твитер“ папата испрати благослов
Скопјанец загина во сообраќајка во Тафталиџе
Ставрески - Заемите од Светска банка дел од финансирање на буџетот
Иновациите перспектива на ИКТ индустријата во услови на криза
Владата најголем сопственик во ЕМО
Крадачка сликана од „ајфонот“ што го украла
(ФОТО) Единаесет возила завршија во ендек на патот Гевгелија - Велес
Билд - Македонија доби време во Брисел
Арифи - ЕУ утврди јасна рамка за преговори со Македонија
Лопатка - Австрија очекуваше повеќе
МНР изразува жалење што Македонија не доби датум за преговори
Желев - Одлуката на Бугарија да не ја поддржи Македонија е грешка
Северна Кореја успешно лансираше ракета
Македонија ќе го чека јуни
Американската армија отпушта дебели војници
Останува плаќањето по учинок за лекарите
Грција спречи Македонија да добие датум за преговори
ЕК на пролет со извештај за добрососедските односи и спорот за името
Средба Груевски со лекарите во Влада
ГАК усвои четири од пет параграфи од заклучокот за Македонија



Оливер, 13.12.2012 15:05:45
Јас длабоко во мене верувам дека правдата ќе излезе на виделина порано или подоцна, како што вели европатеникот Кукан, но треба да каже дека и кај сила нема правдина. Во Македонија, која и да дојде партија на власт нема да може да му наштети на чуството од народот, оти ако се случи тоа граѓанска војна е неизбежна. Мислам дека реформите мора да продолжат бидејќи се во наш интерес, а ветото на сојузниците од балканските војни (Грција и Бугарија) ке го издржиме. Македонците како народ повеќе од доволно малтретирани, тепани, правен е геноцит, сме биле прекрстувани, поистоветувани со нив од нив и итн., па еве постоиме, дури и држава имаме. Сега тешко дека ќе успеат во намерите. Гледаме дека Грција се подлабоко и подлабоко тоне, а овие од исток секако ги сожалуваат и ги караат како мали деца поради целосната посветеност на одржување на корупцијата во нивната држава (со еден збор глодари на унијата), брзо ќе ја изгубат поддршката без Грција.Ние треба да си го сочуваме само достоинството.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -16°C

Магла

Петок
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -5°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз –Титова Совладетелка (27)
Плачот на Х Конгрес на СКЈ.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
Во Русија подароците ги носи бабушка, а во Финска- џуџиња
Секое семејство има свои обичаи: како прославуваат луѓето во Венецуела, Кина или во Русија?...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |