27.11.2011, 11:21 Италијанец загина по несреќен пад од Карлов мост во Прага
Четириесет и пет годишен италијански турист загинал при обид да се фотографира кај една од статуите поставени на Карлов мост над реката Влтава во Прага.
Според полицијата, како што јави дописникот на МИА од чешката метропола, странецот најверојатно се навалил и несреќно паднал на поплочениот дел под мостот.
Мажот се здобил со тешки повреди и починал на самото место.
|