12.10.2012, 11:46 ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир
Во образложението се наведува дека наградата и се доделува на ЕУ поради заслугите за обединувањето на европскиот континент
Европската унија е овогодишен добитник на Нобеловата награда за мир, објави норвешкото радио НРК.
Во образложението на Нобеловиот комитет се нагласува дека на ЕУ и се доделува Нобеловата награда за мир за 2012 година, поради заслугите за обединувањето на европскиот континент.
Комитетот оценува дека ЕУ имала пресудна улога во обновата на Европа по Втората светска војна и во зачувувањето на стабилноста во поранешните комунистички земји по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година.
- Цели шест децении ЕУ работи на напредокот на мирот и помирување��о, демократијата и човековите права во Европа, се наведува во образложението на Комитетот.
Наградата, чија парична вредност изнесува 1,2 милиони долари, официјално ќе му биде доделана на претставник на Унијата на свечена церемонија што ќе се одржи во Осло на 10 декември.
Одлуката за доделување на Нобеловата награда за мир на ЕУ била донесена едногласно од страна на членовите на Комитетот, со кој претседава генералниот секретар на Советот на Европа, Турбјорн Јагланд.
Во своите први коментари на одлуката на Нобеовиот комитет, западните медиуми оценуваат дека доделувањето на наградата претставува морален стимул за ЕУ во нејзините напори за справување со должничката криза. |