13.10.2012, 20:43 Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
Црвено-црните во салата СРЦ Кале, во Скопје ја победија чешката екипа Ловосице со 36:19 (17:10)
Ракометарите на Вардар Про постигнаа убедлива победа на првиот натпревар од 2.коло од Купот на ЕХФ.
Тие попладнево во салата СРЦ Кале, во Скопје ја победија чешката екипа Ловосице со 36:19 (17:10). Без поголеми проблеми „црвено-црните“ дојдоа до победата, а гостите резултатот успеаја да го изедначат само двапати (1:1 и 2:2). Највиското водство во првиот дел Вардар Про го имаше во 23. минута (14:6), а првата двоцифрена разлика домашните ја имаа во 35. минута (21:11).
Во редовите на Вардар Про најефикасен беше Никола Маркоски, кој постигна 7 гола, Лука Раковиќ реализира 6. Голманите на Вардар Про имаа вкупно 25 одбрани (Страхиња Милиќ – 22, Иван Мартиновиќ – 3).
Реванш натпреварот се игра на 20. октомври.
Во ова натпреварување вториот наш тим Куманово вечерва го игра натпреварот со руската екипа Сунгул.
|