18.10.2012, 13:09 Барса сака да го продолжи договорот на Меси до 2018
Претседателот Сандро Росел ја потврди интенцијата, но изјави дека клубот не брза премногу затоа што е сигурен во лојалноста на големата ѕвезда
Барселона сеуште ги нема службено започнато преговорите со својата најголема ѕвезда, но според информациите на каталонските медиуми тоа би требало да се случи пред Нова година. Меси моментално има договор со Барселона до 2016. година, а според новиот договор на Камп Ноу би требало да остане до 2018. година, односно до својата 31-година и последната фаза од неговата кариера. Се подразбира дека новиот договор ќе биде многу побогат од сегашниот.
Многумина овој потег на претседателот Сандро Росел го сметаат како одговор на најавеното продолжување на договорот на Реал со својата најголема ѕвезда Кристијано Роналдо. Португалецот наводно веќе се договорил со претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез. Останува само да стави потпис на продолжувањето на договорот на две години, односно до 2017. година. Роналдо со новиот договор би заработувал пет милиони евра повеќе по сезона, односно 15 милиони евра.
Се претпоставува дека и Барселона ќе му понуди слично зголемување на платата на Меси која што е нешто поголема од онаа на Роналдо во моментов. Ако овие најави се вистинити, Меси и Роналдо ќе се вклучат во нова трка, овојпат на финансиски план.
|