17.10.2012, 15:34 Тепачки, хулиганство, насилство пред и по натпреварот со Србија
Полицијата денеска информираше за серија инциденти кои се случиле во изминатото деноноќие
Серија инциденти, насилство и хулиганско дивеење низ градот фрлија сенка врз успешната игра и победата на репрезентацијата на Македонија против тимот на Србија. Над 1.000 навивачи на Србија, кои што присуствуваа на натпреварот, беа потенцијална темпирана бомба, по најавите дека ќе има пресметки по скопските улици. Полицијата која што презеде специјални мерки за заштита, евидентирала неколку сериозни инциденти во кои има и повредени.
Се започнало вчера околу 13,30 часот кај трговскиот центар Мавровка, каде од група од десетина лица биле нападнати М.М. (29) и Ѓ.С. (17) од Подгорица, Црна Гора. Биле удирани со клоци и тупаници и со тврди предмети по лицето и телото, по што веднаш се однесени во болница. Во разговорот со полицијата тврделе дека се туристи и дека немале намера да одат на фудбалскиот натпревар.
Еден час подоцна пред стоковната куќа Мост, 15-тина непознати лица нападнале тројца српски државјани, кои исто така завршиле со повредина на главата и телото. Станува збор за М.М. (19), Л.С. (20) и М.С. (32) кои се пуштени на домашно лекување.
Подоцна околу 16 часот, на булеварот „Крсте Мисирков“ неколкумина напаѓачи ги претепале велешаните Д.Р. (27) и О.С.(25) и им нанеле видливи повреди по лицето и телото. Два часа потоа на влезот на Мавровка, две возила со српски национални ознаки во кои имало седум лица кои тргнале да се прошетаат и да купат патики. Но, биле пресретнати и нападнати од поголема група. Притоа се повредени М.С. (32) и Б.М. (32) од Лесковац и се оштетени нивните возила. Околу 20 часот, скопјанец пријавил дека бил малтретиран на Камениот мост – Скопје од неколку лица, кои од него барале од вратот да го извади шалот со бои на државното знаме.
Полицијата интервенирала и на стадионот каде е остранет црногорски навивач кој се обидел да го истакне грчкото знаме на трибините. Против него е поднесена прекршочна пријава.
По завршување на фудбалскиот натпревар во текот на заминувањето на навивачите, пак дошло до инцидент на Бит Пазар, кога дошко до сурир со навивачката група „Шверцери“. При интервенцијата да се раздвојат групите, повредени се четворица полицајци. Исто така искршени се и оштетени повеќе дуќани и кафулиња. Приведен е еден од учесниците во тепачката. (Д.Т.)
|
|
Статијата е прочитана 3786 пати.
|
Испрати коментар
|
|
марјан, 17.10.2012 18:04:46 | не ми е јасно во информацијава кој се судрил со шверцерите,дали биле македонци,грци,срби,бугари, власи,американци, германци, кој????
значи редовно го читам весников ама кога нема да се ДОПРЕЦИЗИРА било која информација се нервирам а тоа се случува често, ама кои и да биле самиот настан и тие што предходеле се срам за општеството и за државата |
| prespanec, 17.10.2012 18:27:24 | Da ti se Ser...m na junacive makedonski. ima li vo skopje maz ili seto se samo metroseksualci i sminkeri. ve tepaat kade sto ke stignat i nikomu nisto. ubavo se izvezbaa so nashive pa sega i navivaci od drugi drzavi pocnaa da tepaat. |
| Carko, 17.10.2012 23:44:50 | А зошто да не може да се истакне знамето на Грција? Ако некој навивач на даден спортски наптревар од меќудржавен карактер го вее знамето на САД, на Британија, на Албанија или друга трета држава, тоа не е прекршок, а ако го вее знамето на Грција е прекршок? Јас пак мислев дека ова е слбодна држава... |
| dedo dimo, 18.10.2012 07:41:10 | Vo svetot ima sve poveke huligani i narkomanci i duri vlastite ne prevzemat strogi merki vaka ke bidit.Sekoj koj pravi nemir bi trebalo na strog zatvor kako ovaj na goli otok pa neka povelat posle. |
| koki, 18.10.2012 07:50:26 | И пак Бранко е крив???????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Ведро
|
Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 5°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 7°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
Како умре Моамер ел Гадафи? „Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“... | |
|