Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
15.10.2012, 14:58
Михајловиќ: Македонија опасна и без Пандев



Србите со скриен оптимизам во Скопје по дебаклот против Белгија во Белград

Како да го оставиле оптимизмот во Белград, Србија очекува поволен резултат од натпреварот со Македонија вечерва на националната арена „Филип Втори“. Тоа е сосема очекувано со оглед дека репрезентацијата на нашиот северен сосед доаѓа „ранета“ во главниот град на Македонија. По оној пораз од Белгија на домашен терен, кога беа „прегазени“ резултатски, со 0:3, Србите сега се под притисок дека мора да победат ако сакаат и натаму да останат во игра за пласман на СП во Бразил, иако и Македонија не е во ниш��о подобра позиција од нив.

Знаат што ги чека во Скопје, меѓутоа Србите напоменуваат дека не стравуваат од ова тешко гостување на теренот каде што само прашање на време е која селекција ќе падне, и со тоа ќе и' бидат поматени сметки за пласман во Бразил за две години.

Селекторот Синиша Михајловиќ на пресот одржан на стадионот „Филип Втори“ во Скопје истакна дека ги цени македонските репрезентативци, и покрај тоа што во нашите редови ќе го нема најдобриот фудбалер и капитен Горан Пандев.

„Не менува ништо отсуството на Пандев од македонската репрезентација. Ние се подготвуваме стандардно како тој да игра во противничката селекција, и покрај тоа што добро знаеме дека Пандев е најквалитетниот играч на Македонија“, истакнува Михајловиќ и надополнува: „Македонија е опасна без разлика што ќе недостасува Пандев и што влегува во натпреварот по поразот од Хрватска. И да победеше на тој натпревар ќе беше исто толку опасна колку и сега откако загуби. За нас ова ќе биде многу тежок натпревар. Меѓутоа, ние влегуваме и се подготвуваме како на секој натпревар, и влегуваме во мечот со една цел, да ги освоиме трите бода. Македонија е добра екипа, во своите редови има квалитетни поединци кои може да ни направат проблеми. Но како и секоја екипа има и свои лоши страни кои ги знаеме и не би сакал да ги истакнувам“, рече српскиот селектор.

Прашан колку сега психолошки екипата е подготвена по тешкиот „дебакл“ и колку тоа ќе влијае врз играта и резултатот денеска, Михајловиќ со став: „Екипата реагираше нормално по тој загубен натпревар. Беа разочарани затоа што не дојде награда за добрата игра во првите 60 минути. Сметам дека ако играме така како што игравме во првите 60 минути како со Белгија, тогаш можеме да победиме секого па и Македонија, но ако ја загубиме главата како во последните 30 минути од тој натпревар, можеме да бидеме поразени од секого. Но, јас зборував со играчите и гледам дека кај нив има мотивација за добар резултат против Македонија. Секој натпревар е посебен. Има уште седум натпревари до крајот, и има време да се расипе она што до сега е направено, и исто така има време да се поправи она што е расипано. Верувам дека нашите шанси за пласман на СП не се загубени“, рече Михајловиќ.

Прашан дали би бил евентуално задоволен со нерешен резултат, селекторот на Србија дециден:

„Никогаш не ја подготвувам екипата за нарешено. Секогаш сакам да победувам и верувам дека така размислуваат и играчите. Е, сега ако натпреварот заврши 0:0 тоа мораме да го прифатиме и да продолжиме понатаму“, дополни Михајловиќ.

Статијата е прочитана 1369 пати.

Испрати коментар



Металург го „збриша“ Санкт Петерсбург за четврта победа во ЛШ
Победи за водечката тројка во Премиер лигата
Мекејлеб најефикасен во победата на Фенербахче
Клучот за „Грипе“ е во одбраната
Металург по четири од четири
Балотели со награда „Златен тапир“
Без домашна кошарка и овој викенд
Македонија ќе скокне 21 место на ФИФА листата!
Грчки фудбалски клуб спонзориран од проститутки
Пораз на Самарџиски со Литвос Ритас во Евролигата
Иванов - Нашиот тим се вика Република Македонија
Успешно деби на Куманово во БИБЛ
Червар ја спушта топката
Џон Тери нема да се жали на казната за расизмот
Нов пораз на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите
Барса сака да го продолжи договорот на Меси до 2018
Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата
Тепачки, хулиганство, насилство пред и по натпреварот со Србија
Камерон бара остри казни за Србија
Самба во Вроцлав
Швеѓаните од 0:4 до 4:4!
Јаневски - Големата желба и борбеност ни донесоа победа
(ФОТО) Ибраими ја донесе првата квалификациска победа
Работнички потпиша со Шарпер
Надал се враќа за Австралија опен
МВР - Мечот Македонија - Србија е од висок ризик
Фетел не размислува за Ферари
Ќе бидат повлечени тужбите против француските ракометари?
Јапонија реагира за нуклеарната шега
Победата над Србија императив
Фетел во Ферари до 2014 година
Реал Мадрид три месеци без Марсело
Димитров сениорски првак на Македонија
Протест од Златна зора до ФИБА за Македонија
Српски хулигани најавуваат тепачки пред натпреварот Македонија - Србија
Хет-трик на Металург во Лигата на шампионите
Торп се соочувал со убиствена депресија
Втор пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
Фетел триумфираше во Кореја
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |