17.10.2012, 21:02 Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата
Ракометарите на Металург со убедливи 32:19 го совладаа црногорскиот претставник Ловќен, a бранителот на титулата во СРЦ Кале загуби од словачкиот тим Татран Прешов со 33:29
Македонските претставници во СЕХА лигата, Металург и Вардар Про кои вечерва настапија на домашен терен во 5. коло имаа половичен успех.
Ракометарите на Металург со убедливи 32:19 го совладаа црногорскиот претставник Ловќен. Предводници во победата на тимот од Автокоманда беа Наумче Мојсоски со 6 и Златко Мојсоски и Миладин Козлина со по 5 голови.
За разлика од Металург, бранителот на ��итулата во ова натпреварување, Вардар Про во СРЦ Кале загуби од словачкиот тим Татран Прешов со 33:29. За „црвено – црните“ ова беше прв сезонски пораз, а за позитивен резултат не помогнаа ниту 9-те голови што ги постигна вечерва најефикасниот вардарец Филип Лазаров.
На другите натпревари од ова коло постигнати беа следниве резултати: Нексе – Брест Мешков 36:27, Извиѓач – Слога 33:26 и Борац БЛ – Загреб КО 26:35.
Табела: Нексе 12 бода (5 натпревари), Вардар Про 10 (5), Загреб КО 10 (4), Татран Прешов 9 (4), Металург 9 (5), Ловќен 7 (4), Брест Мешков 6 (5), Извиѓач 6 (5), Борац БЛ 1 (5), Слога 0 (5).
|