17.10.2012, 13:20 Самба во Вроцлав
Бразил ја демолира Јапонија so 4:0 на подготвителниот натпревар одигран на стадионот „Миејски“
Домаќинот на идното Светско првенство беше супериорен во секој елемент на фудбалската игра, а на крајот запиша убедливата победа со 4:0, и тоа комплетно заслужена. Паулињо го отвори резултатот со шут од околу 20 метри, а подоцна со двата гола на Нејмар (еден од пенал) играчите во жолто поведоа со 3:0. Кака стави шлаг на тортата со погодокот во 76. минута. Играчот на Реал постигнува втор гол во серија откако претходно погоди и против Ирак.
Јапонија се врати во реалноста по триумфот над Франција пред неколку дена. И��браниците на Алберто Ѕакерони комплетно потфрлија.
Резултати од другите пријателски средби: Виетнам - Индонезија 0:0, Сингапур - Индија 2:0, Хонгконг - Малезија 0:3, Бахреин - Обединети Арапски Емирати 2:6, Египет - Тунис 0:1, Кенија - Јужна Африка 1:2.
|