16.10.2012, 18:00 Надал се враќа за Австралија опен
По настапот во Лондон, Шпанецот се повлече и се посвети на целосна рехабилитација на повредата на коленото, која долго време го мачеше
Поразот од Лукас Росол на Вимблдон беше последниот официјален меч за Рафаел Надал оваа сезона. По настапот во Лондон, Шпанецот се повлече и се посвети на целосна рехабилитација на повредата на коленото, која долго време го мачеше. Иако се' уште е тешко да се прогнозира враќањето на Надал, сепак, на оваа тема повторно одлучи да проговори самиот тенисер, кој одвај чека да се врати на тениските терени.
„Мислам дека ќе се вратам наредната година поконкренто на Австрал��јан опен, тогаш ќе бидам 100 отсто подготвен“, порачува Шпанецот. „Многу често се калкулира околу моето враќање. Знам дека се споменува и финалето на Дејвис купот, но мислам дека до тогаш коленото се' уште ќе ми прави проблеми. Постојано тренирам, работам за да бидам целосно подготвен пред моето враќање. Ќе повторам уште еднаш Австралијан опен воопшто не е ставен под прашалник“. |