18.10.2012, 13:16 Нов пораз на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите
На гостувањето кај Савехоф шпанската екипа е поразена со 35:30, а Кирил Лазаров со 6 голови беше најефикасен во својот тим
Ланскиот финалист во ракометната Лига на шампиони се наоѓа во резултатска криза, откако синоќа го претрпе и третиот пораз во Б групата од Лигата на шампионите. На гостувањето кај Савехоф шпанската екипа е поразена со 35:30, а Кирил Лазаров со 6 голови беше најефикасен во својот тим.
Вчера беа одиграни уште два натпревара: Горење – Силкеборг 31:23 (Ц група) и Берлин – Кадетен Шахфаузен 31:27 (Д група).
Денеска се играат пет натпревари: Партиза�� – Монпеље, Хамбург – Флензбург (А група), Веспрем – Кил, Констанца – Цеље (Б група) и Динамо Минск – ПИК Сегед (Д група).
Македонскиот шампион Металург во сабота во Скопје ќе игра со руската екипа Санкт Петербург.
Покрај овој дуел на програмата е и дуелот Загреб КО – Барселона, а за недела се закажани натпреварите Шамбери – Киелце и Адемар Леон – Фланзбург.
Преглед на табелите по 3.коло:
А група: Флензбург 5 бодови, Хамбург 5, Чеховски Медведи 3, Адемар 2, Партизан 2, Монпеље 1.
Б група: Кил 6, Веспрем 6, Савехоф 4, Атлетико Мадрид 2, Цеље 2, Констанца 0.
Ц група: Киелце 6, Металург 6, Горење 4, Силкеборг 2, Санкт Петербург 2, Шамбери 0.
Д група: Барселона 6, Берлин 6, Загреб КО 3, ПИК Сегед 2, Кадетен Шафхаузен 2, Динамо Минск 1.
|