Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.10.2012, 15:23

Иванов: Нашиот тим се вика Република Македонија



Македонскиот претседател на меѓународната конференција „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, која се одржа во Скопје

ФОТО: Киро Попов

„Спортот нема споредна, туку исклучително важна улога во општеството, бидејќи зближува, поврзува и гради заедништво“, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов на меѓународната конференција „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, која се одржа во Скопје. Според шефот на државата, преку спортот може да се изгради солидарност, а неговата моќ е да ги поврзе луѓето во сила што ги сплотува клубовите, шампионите и нивните навивачи.

Во однос на мултиетничкиот спорт, пак, Иванов истакна дека во преден план секогаш е тимската работа.

„Мултиетничкиот спорт е токму тоа - тимска работа и на домашен терен и надвор на првенствата. И тоа не само во спортот, туку во секоја сфера на животот. Нашиот тим се вика Република Македонија, со сите нејзини граѓани и со сите нејзини заедници, независно од полот и возраста. Со мултиетничкиот спорт ќе ја осовремениме вековната традиција на толеранција, заедништво и меѓусебно почитување“, вели Иванов за кого само ваквите проекти се вистинскиот начин преку кој може да им се даде насока и пример на младите генерации.

„Одбележување на спортски ден во Република Македонија“ е идниот проект што го најави Иванов. Со воведување на спортскиот ден секој граѓанин еднаш во годината ќе одвои време за дружење токму преку спортот.

На Меѓународната конференција „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ за чија организација беше задолжен претседателот на Геостратешкиот институт „Глобал“, Иван Анастасовски, се обрати и американскиот амбасадор Пол Волерс.

„За децата од сите возрасти спортот е еден од најефикасните и најзабавните начини на градење мостови на заемно почитување и толеранција. Ова се лекции што можат да ги употребат во текот на нивниот живот“, истакна Волтерс, кој посочи дека последниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Србија е одличен пример дека кога се игра за националниот тим, без оглед на културното или етничкото потекло на играчите, треба да се знае дека сите играат за истиот тим и дека само на тој начин се победува.

Вчерашната меѓународната конференција е завршна активност на проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“, чиј покровител е претседателот Иванов, а кој изминатава година се спроведе во повеќе општини во Македонија. (М.К.)







Статијата е прочитана 1836 пати.

Испрати коментар



Металург го „збриша“ Санкт Петерсбург за четврта победа во ЛШ
Победи за водечката тројка во Премиер лигата
Мекејлеб најефикасен во победата на Фенербахче
Клучот за „Грипе“ е во одбраната
Металург по четири од четири
Балотели со награда „Златен тапир“
Без домашна кошарка и овој викенд
Македонија ќе скокне 21 место на ФИФА листата!
Грчки фудбалски клуб спонзориран од проститутки
Пораз на Самарџиски со Литвос Ритас во Евролигата
Успешно деби на Куманово во БИБЛ
Червар ја спушта топката
Џон Тери нема да се жали на казната за расизмот
Нов пораз на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите
Барса сака да го продолжи договорот на Меси до 2018
Победа за Металург и пораз за Вардар Про во Сеха лигата
Тепачки, хулиганство, насилство пред и по натпреварот со Србија
Камерон бара остри казни за Србија
Самба во Вроцлав
Швеѓаните од 0:4 до 4:4!
Јаневски - Големата желба и борбеност ни донесоа победа
(ФОТО) Ибраими ја донесе првата квалификациска победа
Работнички потпиша со Шарпер
Надал се враќа за Австралија опен
МВР - Мечот Македонија - Србија е од висок ризик
Фетел не размислува за Ферари
Ќе бидат повлечени тужбите против француските ракометари?
Јапонија реагира за нуклеарната шега
Победата над Србија императив
Фетел во Ферари до 2014 година
Реал Мадрид три месеци без Марсело
Михајловиќ - Македонија опасна и без Пандев
Димитров сениорски првак на Македонија
Протест од Златна зора до ФИБА за Македонија
Српски хулигани најавуваат тепачки пред натпреварот Македонија - Србија
Хет-трик на Металург во Лигата на шампионите
Торп се соочувал со убиствена депресија
Втор пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
Фетел триумфираше во Кореја
Вардар Про убедлив во ЕХФ Купот
(ФОТО) Наивен пораз на Македонија од Хрватска



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 6°C

Понеделник
Сончево
Макс: 23°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (30)
Јованка не се откажува од политичка кариера. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Човекот поет нема друг избор освен да пишува
„Пазарната логика се наметнува како валиден репер дури и за книжевните вредности“, вели поетот Владимир Мартиновски...
Како умре Моамер ел Гадафи?
„Хуман рајтс воч“ изготви извештај за последните денови на либискиот водач насловен како „Крвна одмазда во Сирт“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |