15.10.2012, 14:50 Димитров сениорски првак на Македонија
Трајче Димитров од коњичкиот клуб Вивакс со грлото Лакапо е новиот сениорски шампион на Македонија во прескокнување пречки. Димитров со Лакапо беше втор во двата натпревара во средна класа. Во првиот победи Бобан Томевски од Тристар со грлото Фалеп, а во вториот Димитров со Скипер. Втор во генералниот пласман кај сениорите е Томевски, а трет Самир Реџепи од Тристар со Викинг.
Енес Реџепи од Тристар со грлото Сем е најдобар јуниор, а во категоријата деца титулата ја освои Марија Мор од Тристар со Амур.
|