14.10.2012, 11:47 Втор пораз на МЗТ Скопје во АБА лигата
Македонскиот првак синоќа беше поразен на домашен терен од српскиот претставник Раднички Крагуевац со 83:75
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, кои имаа две победи на стартот во регионалната АБА лига, во последните две кола доживеаја порази.
Откако минатата недела загуби од Будуќност во Подгорица, МЗТ Скопје синоќа беше поразен на домашен терен од српскиот претставник Раднички Крагуевац со 83:75. На натпреварот одигран во спортскиот центар „Борис Трајковски“, Раднички единствено вториот период беше подобар, но разликата од 12 поени остварена во таа четвртина (29:17) беше доволна гостите да ги освојат двата бода постигнувајќи ја првата сезонска победа.
Првата четвртина заврши нерешено 15:15, а трета и четвртата МЗТ ги доби со по два поени разлика 26:24 и 17:15. Дамјан Стојановски беше најефикасен играч на натпреварот со дабл-дабл учинок од 19 поени и 10 скокови, а двоцифрен во МЗТ Скопје имаше и Кејд Дејвис кој реализира 11 поени.
Во 5.коло македонскиот првак му гостува на Сплит в сабота. На другите два вчерашни натпревара Шолнок – Будуќност 50:75 и Игокеа – Сплит 79:64. Денеска се играат останати четири дуели од ова коло.
|