19.10.2011, 15:23 3Д киносала во Скопје
Во Скопје е изградена 3Д киносала. Тоа е најубавата информација која Кристијан Даниловски, коосновач на ФХ3Х, ја кажа вчера во Битола на презентацијата на ова Студио за визеулени ефекти на фестивалот „Браќа Манаки“
Салата не е голема. Има околу 80 метри квадратни и капацитет од 20 седишта. ФХ3Х ја направи за свои потреби за да може она што го работи да го види како што треба. Па сепак, ова е информација која звучи фантастично, особено во нашите услови на киноприкажување. А ако сега има потреба од таква сала во рамките на ова студио, кое се наоча во населбата „Аеродром“, се надеваме дека набрзо ќе има потреба и за многу повеќе.
Тоа ни го потврди токму Даниловски со презентацијата на ова студио, кое од 25 вработени порасна на 110. А работа има многу, и тоа работа во највисоките, холивудски продукции. ФХ3Х презентираше дел од својата работа на „Златен компас“, кој доби „Оскар“ за визуелни ефекти, „Терминатор: Спасување“, „Трансформерси 3“, „Притаено зло“ и многу други. Последниве две години тие работат и со „Индустријал лајт енд меџик“, познатата компанија на Џорџ Лукас и имаат бројни нови ангажмани. А што е најважно отворени се за сите заинтересирани, а ни��ната адреса е [email protected]. (С.У.)
|