27.06.2012, 14:01 „Национал“ заминува во стечај
Неделникот „Национал“ од денеска веќе го нема на трафиките. Како што е потврдено, наскоро ќе следи поведување на стечајна постапка за медиумот што во ноември 1995 година го отвори починатиот Иво Пуканиќ, заедно со неколку колеги кои излегоа од неделникот „Глобус“. Последниот 886 број излезе на трафиките на 19 јуни.
На почетокот на месецот стана јасно дека „Национал“ се наоѓа пред тешки моменти, кога сопственикот на неделникот „Национал“, Харалд фон Сифрид, испрати циркуларна електронска пошта дека нема пари за печатење на следниот број на неделникот. По тој апел новинарите издадоа уште еден број, но се чини дека тоа беше последен со оглед дека Хипо банка не се согласи за рефинансирање на кредитот.
|