29.06.2012, 13:21 Евангелос Мимаракис избран за спикер на грчкиот Парламент
Поранешниот министер за одбрана Евангелос Мимаракис денеска е избран за спикер на грчкиот Парламент, со рекордни 223 гласови „за“, јави дописникот на МИА од Атина.
Мимаракис го предложи Нова демократија, а доби поддршка и од колициските партнери ПАСОК и Демократската левица, но и од пратеници од други партии.
Прва задача на Мимаракис ќе биде да го реши спорот меѓу Сириза и Комунистичката партија на Грција (ККЕ) во врска со распоредот на седење на пратениците.
Парламентот сега треба да одлучи дали да го одобри предложениот кандидат на Златна зора за заменик-претседател на законодавниот дом. Според законот, секоја од седумте партии застапени во Парламентот може да има заменик-спикер, а кандидатот треба да добие најмалку 75 гласови од пратениците.
|