27.06.2012, 11:55 Карл Билд побара почеток на преговори за Македонија
Шефот на шведската дипломатија на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург
Шефот на шведската дипломатија Карл Билд на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург се заложи за започнување на пристапни преговори со Македонија.
Почетокот на преговорите со Македонија, кој повеќе години е блокиран поради долготрајниот спор за името, беше повод на состанокот во Луксембург поголем број земји-членки на ЕУ да изразат мислење дека станува збор за чудна ситуација. Но, Грција не се повлече во своите ставови и затоа на Македонија и останува да продолжи да чека, пишува шведскиот дневен весник „Дагенс-нихетер“.
Шведска вообичаено е една од земјите-членки кои се најголеми приврзаници на проширувањето на ЕУ.
Сепак, кога се дискутираше прашањето за почеток на преговорите со Црна Гора, Карл Билд беше најгласниот противник.
- Ние и повеќе други земји-членки во ЕУ бевме посебно загрижени поради орагнизираниот криминал во Црна Гора, рече Карл Билд на прес-конференција во Луксембург, откако беше донесена одлука да и се овозможи на Црна Гора да ги започне пристапните преговори.
|