29.06.2012, 12:55 Баросо: Членките на еврозоната посветени на иднината на еврото
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја поздрави одлуката за воведување единствен надзорен механизам за еврозоната.
На прес-конференција по завршувањето на Самитот на еврозоната, Барозо оцени дека на средбата е донесен „многу важен збир на заклучоци, бидејќи покажува значителна посветеност на понатамошни дејства и одлуки за иднината на Европската економска и монетарна унија и можност за мерки за краткорочна стабилизација”.
- Денес беше донесена фундаментална одлука од страна на еврозоната со воведувањето на единствен надзорен механизам. Комисијата ќе направи соодветни предлози како прашање на итност и ние брзо ќе го испорачаме предлогот за механизам за супервизија за еврозоната во согласност со член 127 (6). Се разбира, ова значи дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе биде целосно во можност да ја одигра својата улога со овој финансиски надзор, изјави Баросо, додавајќи дека е донесена важна одлука во однос на стаблизацијата на краток рок за некои земји кои чувствуваат посебен притисок, конкретно Шпанија.
Според претседателот на ЕК, кога Европскиот механизам за стабилност ќе стане достапен, оваа финансиска помош ќе треба да се обезбедени од страна на Европскиот фонд за финансиска стабилност (ЕФСФ).
- Одлуките се земени за другите земји кои се целосно во согласност со специфичните препораки за секоја земјата. Сето ова се разбира под условеност на формализација во случај на акција преку Меморандум за разбирање. Донесени се многу амбициозни одлуки и уште еднаш се покажува посветеноста на земјите-членки, имено оние од еврозоната, во неповратноста на еврото!, истакна Баросо.
|