28.06.2012, 12:15 Напад врз полициски пункт кај Бујановац
Еден српски полицаец е полесно повреден утрово при напад врз полициски пункт во селото Добросин во близина на Бујановац, на југот од Србија
Според портпаролот на Полициската управа во Врање, Драган Стаменковиќ нападот во Добросин, село кое се наоѓа во близина на српско-косовската граница, бил извршен од територијата на Косово.
Ова е втор напад врз полицијата во Добросин во последниве два месеци, откако претходно на 17 мај, беше отворен рафален оган врз полициската станица во селото, каде жителите се етнички Албанци.
Во селото Добросин, кое има околу 740 жители, во јануари 2000 година беше формирана поранешната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац, која се залагаше за припојување на тој дел на Србија кон Косово. |