27.06.2012, 11:35 Тројца турски војници загинаа во напад на ПКК
Најмалку тројца турски војници се убиени денеска во судири со бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) во близина на градот Ерух во округот Сиирт, во југоисточниот дел на Турција, јави турската државна телевизија.
Пред една недела осум турски војници загинаа, а 16 беа повредени во напад на терористи од ПКК врз воен пункт во регионот на Дагкџа во округот Хакари во југоисточна Турција. Нападот беше извршен од курдски бунтовници кои влегле на турска територија од Северен Ирак.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека 31 курдски бунтовник се убиени во операции на армијата на 19 јуни по нападот врз воениот пункт.
Турски воени авиони и хекикоптери извршија два напади минатата недела врз цели на ПКК во Северен Ирак како одговор на нападите врз воениот центар во округот Хакари.
|