27.06.2012, 14:32 Употребата на синтетички дроги го надмина користењето на хероин и кокаин
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека употребата на синтетички дроги како екстази или метамфетамин го надминува конзумирањето хероин и кокаин
Канабисот и понатаму е најраспространета дрога, а информациите добиени од запленетите и откриени илегални лаборатории покажуваат дека на второ место е метамфетамин и случни стимуланси.
Водечки производители на синтетички дроги се Холандија, Мијанмар и некои земји од Западна Африка и Латинска Америка.
Овие дроги се поевтини и подостапни од кокаинот или хероинот, што е причина за нивното распространување, оценуваат експертите. Во 2008 година запленети се 32 милиони таблети метамфетамин, а 2009 година дури 133 милиони.
Екcперти од специјализираниот центар во Лисабон укажуваат на фактот дека минатата година во ЕУ се идентификувани 49 нови дроги.
Според нив, ваквото зголемување на бројот на нови видови на дрога се објаснува со лесната достапност на низа синтетички дроги преку Интернет, кои во краток временски рок го наоѓаат патот до ноќните клубови и улици.
Истражувањето спроведено во ЕУ минатата година покажува дека младите легалните супстанци кои може да се употребат за дрогирање ги набавуваат преку своите пријатели, во 54 отсто од случаите, на забавите или во клубовите, во 37 отсто, во специјализирани продавници, во 33 отсто и преку Интернет во 7 отсто од случаите.
|