28.06.2012, 13:12 Дачиќ нов мандатар на српската влада
Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска на лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ му довери мандат за формирање нова Влада на Србија, јави српската државна телевизија РТС.
- Ме убедија дека обебзедиле парламентарно мнозинство, изјави Николиќ.
Освен коалицијата околу Социјалистичката партија на Србија (СПС), во владата ќе влезат и Српската напредна партија (СНС), Обединети региони на Србија (УРС) и веројатно уште некои претставници на граѓаните во српскиот парламент, нагласи Николиќ.
Претседателот истакна дека кој и да состави влада, Србија ќе се движи по европскиот пат.
Претседателството на СПС синоќа едногласно одлучи Дачиќ да побара од Николиќ мандат за формирање на влада.
|