28.06.2012, 09:33 „Њуз корпорејшн“ ќе се подели во две компании
Советот на директори на медимскиот конгломерат „Њуз корпорејшн“, одобри план за поделба на две компании - едната за шоу бизнис и другата за издавачка дејност, објави „Волстрит џурнал“.
Изданието кое е дел од медиумската „империја“ на Руперт Мардок цитира извор запознат со ситуацијата според кој одлуката ќе биде објавена во текот на денот.
Планот предвидува во едната компанија да влезат 20-th Century fox, каналот Фокс Њуз и телевизиската мрежа Фокс, а во другата да бидат печатените изданија меѓу кои и весниците „Тајмс“, „Волстрит џурнал“ и „Острелијан“ како и книгоиздателството Харпер Колинс. |