29.06.2012, 12:41 Ставрески: Компаниите што поскоро да ги искористат 111-те милиони евра
Со 100-те милиони евра за кои вчера беше усвоен законот и со 11-те милиони евра за кои следната недела ќе биде потпишан договорот, компаниите ќе се извлечат од кризата во која се наоѓаат, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Според него, најважно е сега компаниите да подготват добри проекти и што побрзо да ги повлечат овие средства.
- Вчера беше усвоен законот со којшто 100-те милиони евра ќе им бидат на располагање на компаниите од металургијата и на сите останатите, а следната недела ќе биде потпишан договорот за 11-те милиони евра со што тие ќе станат ефективни за компаниите од преработувачката индустрија. Со овие средства, доколку компаниите подготват добри проекти, убеден сум дека ќе се извлечат од кризата, односно ќе помогнат да ги спасат работните места и да ја надминат оваа ситуација, изјави Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на падот на индустриското производство, Ставрески истакна дека Владата уште пред објавувањето на последните податоци презела активности како што се ребалансот на Буџетот и евтините кредити наменети за компаниите.
- Уште пред да ги добиеме последните податоци преземавме активности. Едната беше Ребалансот на буџетот со којашто го усогласивме приходниот и расходниот дел од Буџетот и внимаваме да се задржи високо ниво на капиталните инвестиции со цел тие пари преку капитални проекти да завршат во македонските претпријатија. Потоа евтините кредити што ги обезбедивме од Европската инвестициска банка со камата од 5,5 проценти и уште поевтини кредити од 11 милиони евра со 3 проценти каматра што ќе им помогнат на земјоделските преработувачки компании да дојдат до ликвидни средства и да ја надминат оваа ситуација, посочи вицепремиерот Ставрески.
Во врска со најавената исплата на заостанатите плати за вработените од АД ОХИС, Ставрески рече дека на 10 јули ќе им биде исплатена платата онака како што им било ветено.
|
|
Статијата е прочитана 464 пати.
|
Испрати коментар
|
|
горан, 29.06.2012 16:40:08 | уште еден доказ дека Владата размислува и за приватните компании. Се надевам дека ќе добие и мојата компанија дел од овие средства. |
| Goran I, 29.06.2012 18:07:58 | Ili Stavrevski ne znae sto zboruva ili ne znae sto se slucuva vo ekonomijata vo zemjava. Tie pari sto gi zboruva, ke gi iskoristat samo onie firmi na koi ne im treba nitu kredit, nitu pomos. Eve, mojata firma ima potreba od kredit za obrtni sredstva, so koi pari povtorno ke ja stavam na noze, ama ako pobaram kredit od banka, znam sto ke mi recat, odnosno ke me odbijat, zatoa sto momentalnata situacija mi e takva kakva sto mi e. So tie pari jas ke si nabavam dovolno stoka za da go podignam prometot i da za rabotam povekje so sto ke imam dovolno da si gi reguliram site obvrski, a ne kako sega da kuburam. Aj sega kako jas da gi iskoristam parite od kreditot za firmite sto se vo kriza ???? Neka mi odgovori Stavrevski na ova prasanje, a ne da dava izjavi od vakov tip. |
| od ostrijot, 29.06.2012 21:16:50 | seto toa e trubenje vo prazno za nekolku dena ova izjava na ministerot ke bide koregirana. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 32°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 16°C
|
Вторник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C
|
|
|
|
|
|