27.06.2012, 19:46 Грција бара да престанат нападите од македонските политичари
Атина - Од грчкото Министерство за надворешни работи во реакција на изјавата на премиерот Никола Груевски дека Грција врши "политички геноцид" денеска возвратија со коментар дека "има отсуство на добрососедско однесување од македонска страна кое се гледа преку изјавите на македонските политичари за грчкото однесување во спорот за името".
Потпаролот на министерството, Григорис Делавекурас, рече дека "навредливите бесмислици" на македонските политичари и тоа само неколку дена по формирањето на новата влада не се добар симбол за создавање соодветна клима меѓу двете страни за изнаоѓање заеднички прифатливо решение. "Напротив, ги поткопуваат билатералните односи и ја хранат систематската и негативна владина пропаганда која има за цел да ја заврти јавноста на Поранешната југословенска република Македонија против Грција", рече Делавекурас. (М.П.)
|