Новинари на британскиот „Хералд он Сандеј“ направија листа од 10 најпродавани автомобили во светот на чиј врв е Тојота Корола.
Јапонците во 10 генерации на тој „бестселер“ од 1966 година вкупно продале 39 милиони примероци.
Втор на листата е американскиот „гориво-голтач“ Форд Ф-150 кој како и Корола-та во 10 генерации од 1948 година, е продаден во 34 милиони примероци.
Популарниот европски Голф на Фолксваген е на трето место со 27 милиони примероци за шест генерации од 1974 година, доека „Буба“ е на четврто место со 23 милиони продадени примероци.
На петтото место е Форд Ескорт со 20 милиони примероци меѓу 1968 и 2003 година. Листа на најпродавани автомобили: