Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ вечерва во 22 часот ќе го почнат ноќното бележење на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари. Предвидено е бележењето да заврши во 6 часот изутрина.
Екипите ќе стартуваат од сообраќајниците во Малиот ринг во централното градско подрачје. Ќе се освежуваат подолжните линии и пешачките премини на улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“. Потоа, бележењето ќе продолжи на улиците во Големиот ринг.
Градот Скопје ја спроведува акцијата за бележење на градските улици во текот на ноќта за да не се создава метеж во сообраќајот.
Акцијата за ноќно бележење на хоризонталната сигнализација ќе трае и во наредните два месеца.