29.06.2012, 09:40 Пронајдено телото на момчето кое се удави во Мавровско Езеро
Специјализирани нуркачки екипи на МВР, утрово непосредно по почетокот на потрагата, на дното од езерото го пронајдоа безживотнотo тело на 15-годишниот Ч. С.
Засега не се познати причините кои довеле до трагичниот исход. Според СВР Тетово, исчезнувањето било пријавено вчера попладне околу 14:30 часот. Момчето се приближило до брегот во непосредна близина на манастирската црква „Св. Никола“ во селото Маврово со намера да заплива кон платформа, која се наоѓала во Eзерото.
Откако се оддалечил десетина метри од брегот потонал и не се појавил на површината на водата. Непосредно по настанот, била повикана полиција и започнала потрага со чамци, а по безуспешните обиди повикани се нуркачки екипи да го пребараат дното.
Случајот го презеде истражен судија од Основниот суд Гостивар, кој најави повеќе детали за трагичниот настан во текот на денот.
|