27.06.2012, 12:12 Почна уривањето на објектот „Ив-Ире“ во Трпејца
Сопственикот на објектот „Ив-Ире“ започна да го остранува бесправно изградениот дел од плажата во охридското село Трпејца.
Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, појасни дека сопственикот на објектот добил негативен одговор на барањето за легализација, па согласно таквата одлука локалната власт минатата седмица донела решение за уривање на спорниот дел од објектот.
- Во решението за уривање стои дека доколку сопственикот во рок од 15 дена не го урне бесправно изградениот објект, локалната самоуправа ќе го стори тоа, истакна Петрески, најавувајќи дека ќе отиде во Трпејца за лично да се увери дека се постапува согласно решението за уривање.
Оспорувениот дел од објектот предизвика негодување кај жителите на селото, кои преку мирни протести, па и со закани дека ќе го блокираат региналниот патен правен Охрид – Свети Наум, вршеа притисок врз надлежните институции да преземат мерки за отстранување на се она што изградено надвор од дозволеното.
|