Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
14.01.2013, 09:03

(ФОТО) Со „калашников“ нападната централата на Нова демократија  

Во просториите на владејачката партија во Атина биле испукани девет куршуми, еден завршил и во канцеларијата на Андонис Самарас

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина – Со вознемиреност од ескалирање на вооружени терористички напади осамна новата недела во Грција, по истрелите од „калашников“ упатени кон главното седиште на владејачката Нова демократија во Атина. Непознати лица пред зори во понеделникот извршиле вооружен напад на седиштето на партијата, но поради фактот што нападот бил околу три часот изутрина по локално време зградата била празна и нема повредени.

Еден од куршумите ја погодил директно ��анцеларијата на премиерот Андонис Самарас, а во зградата биле најдени уште девет испукани куршуми. Овој напад на седиштето на партијата предизвика вознемиреност затоа што е седмиот по ред напад во рок од една недела. Викендов непознати лица со молотов коктел ја нападнале куќата на братот на владиниот потпарол Симо Кедикоглу во Ексархија, а минатата недела со молотови беа нападнати и домовите на петмина грчки новинари.

Владата и останатите политички партии го осудија вооружениот напад и побараа да се стори се' што е возможно за да се најдат сторителите.

Полицијата трага по сторителите, а се проверуваат и сите безбедносни камери во обид да се откријат напаѓачите. Од она што е до сега познато две маскирани лица во три часот изутрината со „калашникови“ ја нападнале зградата. Некои од очевидците тврдат дека можеби имало и трето лице. Не е јасно дали испуканиот куршум кој е најден во канцеларијата на Самарас во партиското седиште случајно залетал таму или била намерна цел и директна порака до грчкиот премиер. Грчкиот премиер од преземање на премиерската функција веќе не работи од канцеларијата на седиштето на партијата на булеварот „Сигру“.

Владиниот потпарол Кедикоглу истакна дека целта на нападот била токму канцеларијата на Самарас, коментирајќи дека се создава вознемирувачка ситуација и обид за заплашување на општеството. „Треба да покажеме дека државата не може да се тероризира. Нема добро или лошо насилство. Насилството е едно и треба да биде отфрлено од нашето општество“, истакна Кедикоглу. Владиниот потпарол изминатата недела обвини дека зад нападите можеби стои опозициската СИРИЗА, а во денешните изјави оцени дека се сомнева дека зад нападот стојат симпатизери на екстремната левица и анархисти.

Опозициската СИРИЗА го осуди нападот и побара од владата да го искористи моментот да се најдат сторителите кои се обидуваат да создадат клима на паника, терор и страв во општеството, а не само да се обвинуваат нивни членови кои тврдат дека не се инволвирани во вакви напади.

„Нападот на канцеларијата на Нова демократија е опасно ескалирање на безизлезни терористички активности на слепо насилство и апсолутно се осудени од стана на СИРИЗА. Ваквите случувања се обидуваат да го свртат вниманието од актуелните проблеми и создаваат клима на тероризам и репресија“, стои во реакцијата на опозициската левичарска партија. Премиерот Самарас телефонски разговарал со лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, како и со лидерот на ПАСОК, Евагелос Венизелос.

ПАСОК го осуди нападот и коментираше дека овие активности покажуваат дека во Грција постојат кругови кои користат насилство против државата, додека пак третата партија во владината коалиција Демократска левица го осуди настанот како „терористички напад“. Осуди за терористички и бомбашки напади и насилство против државата упатија и од Комунистичката партија и десничарската Независни Грци.

Со доза сомнеж дали можеби овој напад е испланиран од самата партија се јави пратеникот на СИРИЗА и еден од признатите борци против грчкиот фашистички режим, Манолис Глезос. Тој ја постави дилемата дали можеби зад нападот стојат огранизации кои се во пријателски врси со Нова демократија, која според него можеби ќе има корист од овој напад. „Сметам дека е неприфатливо секогаш кога има вакво случување, против која било партија, ние да сме под лупата и да не' сметаат за виновни и да мора да одговараме. Можеби нападот доаѓа од организации пријателски кон Нова демократија“, истакна Глезос. Неговото прашање веднаш наиде на реакција од парламентарниот претставник на владеачката партија, Макис Воридис кој отфрли секакви обвинувања дека владата се обидува да го тргне фокусот од големите финансиски проблеми и да го преориентира кон проблемите со тероризам во државата.


Статијата е прочитана 1005 пати.


Испрати коментар



Во Мали е се` пожешко
Нимиц ќе се сретне со Јолевски и Василакис на 29 и 30 јануари во Њујорк
Стефано Санино во посета на Македонија
Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Изненадување на изборите во Чешка
Отворен базенот во Карпош
„Аман“ собра над 10.000 потписи
(ФОТО) Донација на семејството Керим за „Аџибадем - Систина“
Опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ и во другите градови
Над 300 лица со симптоми на грип
Да зајакнат капацитетите на женското лидерство
Дете нападнато во напуштен вагон
(ФОТО) Бесими - Станавме земја која го „извезува мирот“
Препораката за преговори останува
Украден сеф со 115.000 евра
До 2020 треба да се отворат 600 милиони работни места
Горивата поскапуваат за еден до два денари
Депардје ја критикува руската опозиција
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков ќе се сретне со заменикот МНР на Грција Куркулас
Притисок и закани за активистка за правата на Македонците во Грција
(ФОТО) Француската авијација елиминира 60 џихадисти
Неонацистите се реална закана за Европарламентот
Лавров - Не е предвидено Асад да се повлече од власт
Чавез се бори за својот живот
Нов контингент на АРМ заминува во Авганистан
ДУИ - Владата има чист легитимитет од граѓаните
Груевски - Ајде на локални избори со најзасилен мониторинг
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
(ВИДЕО) „Монструм“ најгледано видео
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Македонија во винска офанзива
СДСМ не отстапува од јавно прокламираните цели
Тројца повредени од експлозија на боца со пур пена
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања
Српскиот парламент ja усвои Резолуцијата за Косово
Нов случај на силување патничка во автобус во Индија
(ФОТО) Повторно немирна ноќ во Белфаст
Француското воено воздухопловство спроведува акции во Мали
ВМРО - ДПМНЕ го повика СДСМ да се врати во Собранието
Македонците од Голо Брдо бараат изучување на македонскиот јазик
(ФОТО) СДСМ го одржа Маршот за вистината
Волерс - Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата
Српскиот Парламент ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово
Белата куќа го одби барањето да конструира „Ѕвезда на смртта“
Грчкиот Парламент одобри нови даночни измени
Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Нови владини мерки за поддршка на земјоделското производство
Почнува Вевчанскиот карневал
Полицијата заплени трговска стока увезена без потребната документација
Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје
Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Лани на аеродромите поминале над 900.000 патници
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Плаќањето по успешност останува, повисоки плати за докторите специјалисти
Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Мијалков гo тужи Фокус за клевета
(ФОТО) Нимиц виде клима за компромис
Македонски државјанин фатен со тон марихуана
СДСМ - Има време до 24 март да се договориме
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
Експлозијата во Загреб не е терористички напад
Избори ќе има - на 24 март
Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Цените на индустриските производи повисоки за 5,3 отсто
Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи
Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бесими-Гунагли - Интензивирање на македонско-кинеската соработка
Белгија не му дава пасош на францускиот милијардер Арно
„Евро“ на кирилица на банкнота од пет евра
(ФОТО) Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево со Груевски
Нуланд - Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение
Постигнат договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров
Претседателот Иванов се сретна со кинескиот министер за одбрана
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство
Полицијата во Словенија штрајкува
Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Повеќе експлозии одекнаа во Загреб, едно лице повредено
Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв
Една плата за вработените во ОХИС
Хаки Азири - „Стравувам за сопствениот живот“
Условни затворски казни за обвинетите во случајот „Бришач“
Нимиц пристигна во Скопје
Вељаноски утре ќе ги закаже локалните избори
Лустрирани двајца нови кодоши
Сендвичи ќе се продаваат во стилски киосци
ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Турска компанија ќе произведува медицински помагала во Македонија
Годинава македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно
НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект
Лустраторите Гешоски и Витановски доставија оставки до Собранието
СДСМ во сабота ќе организира Марш за вистината
Во Србија пронајдени тела на четири момчиња
Моторџиите за зелен картон ќе плаќаат 1.850 денари
Белград бара автономија на српските општини во Косово
Mалку детали за тројното убиство во Курдскиот институт во Париз
Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи
Состанокот во Атина - корисен и конструктивен
(ФОТО) Ерусалим зафатен од снежна бура
Хонгконг по 19. пат прогласен за најслободна економија во светот
Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија
(ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата
Нимиц утре на средби со македонскиот државен врв
(ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Нау��ов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |